Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.
Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека веќе стигнала првата понуда на негова адреса, а таа била од Пари Сент Жермен.
Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи смета дека со него тимот ќе направи исчекор во Лигата на шампиони.
Алегри преферира да остане во Италија, но бидејќи моментално на Апенините нема амбициозен проект кој би бил примамлив за него, тој е спремен да ја прифати понудата од Париз.