Легендарниот бразилски фудбалер, Ривладо испрати совет до Герет Бејл.
Велшанецот и луѓето во Реал се со спротивни страни, меѓутоа Бејл и понатаму е член на „кралевите“. Минатото лето беше блиску до трансфер во Кина, меѓутоа тој трансфер пропадна во последните моменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Бејл и сега има, се поврзува со неколку екипи од Европа и САД. Сепак, никој не му ја нуди платата која ја има во Реал Мадрид.
Еден од клубовите кои се споменува за негова можна дестинација е Њукасл кој за сопственик ќе го доби принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман. Со него се најавува и голем проект за Њукасл да стане конкурент за титулата во Англија. Бејл би можел да биде прва ѕвезда на тимот.
Ривалдо смета дека таков трансфер би бил добар за Бејл.
„Бејл има се уште има што да покаже во Европа, рано му е да оди во МЛС. Мислам дека кариерата во Реал му се доближува кон крајот, клубот не верува во него и помеѓу нив се случија некои проблеми. Њукасл може да биде вистинскиот избор за Бејл, таму ќе биде прва ѕвезда и би можел да го води клубот до успех во Премиер лигата“, изјави Ривалдо.