Дома Фудбал Англија Парадата за титулата на Ливерпул веќе помина (фото)

Парадата за титулата на Ливерпул веќе помина (фото)

Фановите на Ливерпул едвај чекаат да продолжи Премиер лигата за да можат конечно да се израдуваат на титулата после цели 30 години.

Момците на Јирген Клоп се на чекор од титулата и потребни им се само уште 6 бода на 9 кола до крајот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Се покажа дека еден голем фан на „црвените“ од Тајланд уште пред прекинот на првенството се подготвувал да направи импровизирана парада за титулата. Тој купил голем камион со приколица, кој е брендиран во боите и амблемот на Ливерпул. Се очекувала парада и забава со голем број локални фанови на англискиот гигант.

Талјандскиот бизнисмен призна дека му се здосадило да чека повеќе од два месеци, па веќе ја направил парадата и ја прославил титулата. За целото задоволство потрошил 270.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …