Роберто Карлос за многумина е најдобриот лев бек во историјата на фудбалот, а своите најдобри години ги помина во Реал Мадрид.
После периодот во Реал Мадрид, Карлос летото 2007 година бил блиску до трансфер во Премиер лигата. Легендарниот Бразилец познат по силниот удар бил на чекор од потпис, но ниту сам не знае како тој трансфер пропаднал. На крајот завршил во Фенербахче.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Челзи буквално се беше договорено. Само требаше да отидам таму и да потпишам. Тоа се случуваше една недела пред да потпишам за Фенербахче. Бев во Париз со Абрамович и со поранешниот директор Питер Кенјо. За жал во последните моменти трансферот пропадна, тоа се случува често во фудбалот“.
„Како што кажав се беше договорено и 100% сум сигурен дека Премиер лигата ќе ми одговараше со моите карактеристики“, изјави Карлос.
Карлос и во 1995 година беше блиску до Англија. Тогаш Астон Вила сакаше да го доведе, но бидејќи неговиот играчки картон беше прескап за тој клуб се пресели во Интер.