Се погласни се шпекулациите дека Паоло Малдини може да го напушти Милан на крајот на сезоната.
Малдини ја извршува улогата на техниќки директор во Милан, но поради несогласувања со генералниот директор Иван Газидис најверојатно ќе го напушти клубот од „Сан Сиро“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, легендарниот Италијанец наскоро би можел да започне со работа во друг клуб, бидејќи од Реал Мадрид ја следат целата ситуација.
„Кралевите“се подготвени веднаш да го донесат Малдини, како што пренесуваат шпанските медиуми веќе му понудиле позиција на спортски директор.
Наводно, Малдини е многу заинтересиран за оваа опција, но тој се уште го чека развојот на ситуацијата во Милан каде има статус на жива легенда.