Дома Фудбал Германија Очекувано: Бундеслигата собори рекорд на гледаност

Очекувано: Бундеслигата собори рекорд на гледаност

Како што се и очекуваше, Бундеслигата вчера собори рекорд на гледаност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот фудбалски шампионат се врати после двомесечна пауза. Таа е првата лига во Европа која продолжи да се игра после пандемијата со коронавирусот.

На фудбалската јавност и недостигаше фудбалот, а со оглед дека не се дозволува присуство на навивачите на трибините, сите го гледаа натпреварите пред малите екрани.

Официјалните статистики велат дека само во Германија вчерашните натпревари ггледале повеќе од шест милиони. Благодарение на тоа, телевизијата Скај, која ги пренесуваше натпреварите го собори сопствениот рекорд во гледаност на германското првенство.

Вчера во 15.30 часот, кога започнаа првите натпревари, Скај го гледале 3,68 милиони гледачи на каналите кои се плаќаат, а тоа значи дека неколку пати повеќе гледачи гледале саботен бундеслигашки фудбал.

Со сигурност и останатите најголеми фудбалски лиги ќе ги соборат рекордите на гледаност кога ќе започнат шампионатите, а најголема гледаност се очекува на англиската Премиер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Лондон денес беше видена најголемата парада во историјата на фудбалот!

Фудбалерите на Арсенал синоќа не успеаја да ја освојат Лигата на шампионите и беа поразени…