Иако Лука Јовиќ е повреден и ќе отсуствува околу два месеци, тренерот на Реал Мадрид има подготвена замена, како резервна опција за Карим Бензема, пишува „АС“.
Станува збор за Марко Асенсио, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона, поради неговата сериозна повреда минатото лето. Сепак, тој тренира на исто ниво со неговите соиграчи по продолжувањето на тренинзите и ќе му биде на располагање на Зидан во продолжение на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Асенсио игра одлично под водство на Зидан и е многу важен играч во ротацијата бидејќи може да игра на неколку позиции во нападот.
Пред две сезони Шпанецот постигна 11 голови, заостанувајќи само зад тогашното sвездено трио на Реал – Кристиано Роналдо, Герет Бејл и Бензема.
Поради оваа статистика Зизу верува дека 24-годишниот фудбалер може да постигне повеќе од 20 голови по сезона, доколку е стартер во својот тим.
Asensio is ready to play as a number 9 if Benzema needs a rest or gets injured as Jovic is still injured and Mariano lacks Zizou’s confidence. Real Madrid’s coaching staff are positively surprised by his great state of form after he returned from a long term injury. [as] pic.twitter.com/CoMQSe93kg
— SB (@Realmadridplace) May 14, 2020