Дома Топ вести Лапорта кандидат за претседател на Барса: Ќе го вратам Гвардиола

Лапорта кандидат за претседател на Барса: Ќе го вратам Гвардиола

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта соопшти дека има намера повторно да се кандидира на претседателските избори на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лапорта беше на чело на Барселона во периодот од 2003 до 2010 и за време на неговиот мандат Каталонците освоија 13 трофеи.

Избороите ќе се одржат во 2021 година, а Лапорта ќе биде сериозна конкуренцијата на актуелниот претседател Бартомеу.

Притоа, Лапорта вети дека доколку дојде на претседателската функција ќе го врати Пеп Гвардиола на „Камп Ноу“.

„Веќе бев претседател на Барселона и работиме да бидам кандидат. Се буди огромна страст повторно да работам во Барселона. Би сакал Пеп Гвардиола да биде повторно мој тренер, но во моментов е во Манчестер Сити и не можеме да зборуваме за вреќање. Кога ќе дојде адевактниот момент, ќе зборуваме со личноста која ја сметаме за идеален тренер“, вели Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Психолошката војна продолжува: Педри го покани Хулиан Алварес во Барса

Везниот играч на Барселона, Педри, изрази надеж дека напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан …