Дома Трансфер зона „На Реал му е потребен Мбапе, но тешко дека ќе го донесат“

„На Реал му е потребен Мбапе, но тешко дека ќе го донесат“

Еден од оние кои сметаат дека Мбапе би бил идеално засилување за Реал Мадрид е поранешниот стопер на Кралевите, Фабио Канаваро.

Италијанскиот фудбалер во пензија смета дека Мбапе во Реал може да ги следи стапките на Кристијано Роналдо, но дека клубот од Мадрид тешко ќе успее да го донесе.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„На Реал му е потребен играч како што е Мбапе, младата ѕвезда која е спремна да го следи чекорите на Кристијано Роналдо.“ – изјави Канаваро за АС и додаде:

„Нормално е што Реал сака да го донесе, но мора да се знае фактот дека на сопствениците на ПСЖ не им се потребни пари. Тие се амбициозни и сакаат да ја освојат ЛШ. Мислам дека на Реал ќе му биде многу тешко да го донесе. Претседателот на ПСЖ е човек кој сака да победува, го познавам добро и ќе се бори до крајот да го задржи Мбапе.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…