Дома Фудбал Официјално: Премиер лигата доби „зелено светло“, продолжува во јуни

Официјално: Премиер лигата доби „зелено светло“, продолжува во јуни

Британската влада денес и официјално даде „зелено светло“ за продолжување на Премиер лигата.

Како што соопштија властите, сите спортски настани остануваат забранети до 1 јуни, но потоа ќе бидат дозволени „културни и спортски настани зад затворени врати, за да се спречи ризикот од ширење на коронавирусот“. 

Изработен е специјален протокол, кој ќе мора да го почитуваат сите спортски колективи, а се очекува Премиер лигата да продолжи од 12-ти јуни.

Во документот, кој е во 50 страни се споменува дека враќањето на публиката на терените ќе биде можно „во значително покасна етапа, која ќе биде директно зависна од ситуацијата со КОВИД 19.

Целиот „Проект рестарт“ сега треба да биде ставен на гласање од страна на клубовите, така што најмалку 14 клубови од 20 во Премиер лигата треба да гласаат ЗА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…