Дома Фудбал Англија Зошто Бекам си заминал од Јунајтед: Премногу се расправаа со Фергусон

Зошто Бекам си заминал од Јунајтед: Премногу се расправаа со Фергусон

Во 2003 година многу бура предизвика преминувањето на Дејвид Бекам од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навивачите на Јунајтед беа разочарани, Реал го доведе Бекам за 25 милиони фунти.

Рајан Гигс сега отворено зборуваше за тоа како Бекам го напуштил Манчестер Јунајтед.

„Причините беа фудбалски. Таквите работи се случуваат за да биде доведен некој друг на неговот место или пак бидејќи некој веќе не е истиот од претходно. Едноставно доаѓа време за промена“, изјави Гигс.

Фергусон и Бекам имале расправии повеќе пати.

„Секоја недела се расправаа, навистина беше премногу, па дојде време да се одалечат еден од друг“, откри Гигс.

Во тоа време се шпекулираше дека Ферги имал физичка пресметка со Бекам, меѓутоа Гигс такво нешто не потврди.

Тука прочитајте и за „милениците“ на Фергусон во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…