Дома Фудбал Англија Гигс откри: Фергусон имаше четворица миленици

Гигс откри: Фергусон имаше четворица миленици

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс откри дека Алекс Фергусон имал четири играчи кои му биле миленици и кои имале „посебен“ третман кај него.

Привилегираните биле Ерик Кантона, Брајан Робсон, Рој Кин и Кристиано Роналдо, играчи кои оставија длабоки траги во клубот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Ерик Кантона. Имаше натпревари на кои ништо не правеше. Без гол, асистенција, не се трошеше во одбраната како што тоа го правеа и Карлос Тевез или Вејн Руни. По такви натпревари, ние коментиравме во соблекувалната дека ќе го почувствува бесот на Фергусон. Но, тоа никогаш не се случуваше. Веќе во наредниот натпревар Кантона ќе постигнеше гол или ќе направеше некоја магија. Другите тројца беа Брајан Робсон, Рој Кин и Кристиано Роналдо. Големите ѕвезди имаа посебен третман кај Фергусон, знаеше дека ќе му се оддолжат на теренот“, изјави Гигс.

Иако и Гигс е една од легендите на клубот од „Олд Трафорд“ неколку пати го почуствувал бесот на Ферги.

„Бев во немилост неколкупати. Шест или седум пати бев казнуван поради расправиите со него. Во тие моменти не ми беше сеедно, но пред неколку години Сер Алекс ми кажа дека сакал кога ќе му возвратев. Тоа му говорело дека ми е важен тимот, дека не сум рамнодушен“, призна Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…