Дома Фудбал Сон го заврши воениот рок и доби награда!

Сон го заврши воениот рок и доби награда!

Ѕвездата на Тотенхем, Хјун Мин Сон ја заврши тронеделната воена обука во неговата татковина Јужна Кореа и тоа со почести.

27-годишниот фудбалер доби признание за најдобар меѓу 157 војници.

Сон покажа одлична вештина во гаѓање со пушка, па доби признание и во вид на диплома. Тој беше дел од фудбалската репрезентација која триумфираше на Азиските игри во 2018 година, па поради тоа го избегна правиот воен рок кој всушност трае 21 месец!

Официрите кои биле задолжени за обука велат дека напаѓачот на Тотенхем бил посветен и вреден и дека во ниту еден момент не го злоупотребил фактот дека е капитен на неговата репрезентација и големо фудбалско име во неговата држава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…