Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен минатото лето стави крај на богатата кариера, но сега би можел повторно да се врати на терените.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако се очекуваше дека после Баерн Минхен ќе игра уште сезона или две во некоја егзотична лига, Робен реши да ги „закачи копачките“, што го натера да се покае во меѓувреме.
„На почетокот, воопшто не ми недостасуваше фудбалот. Но, во последно време, имам криза и станува потешко да се надмине. Мислам дека би сакал да играм уште малку“, откри Робен, а веќе има понуда од Бразил.
Робен доби понуда од бразилскиот Ботафого, а директорот на клубот од Рио потврди дека преговорите се во тек.