Според информациите на англиските медиуми, играчот на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард ова лето најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, силен интерес за 27-годишниот Англичанец покажува четири клубови од Премиер лигата кои веќе ја започнале трката за неговиот потпис.
Лингард беше талент кој многу ветува, но и оваа сезона одигра катастрофално и е мета на навивачите на Манчестер Јунајтед, па поради тоа клубот е спремен да го продаде.
Лингард на лето ќе влезе во последната година од договорот, па ова е вистински момент Јунајтед да заработи на неговото заминување.
Интерес за Лингард покажуваат Њукасл, Евертон, Вест Хем и Лестер, а трансферната сума изнесува 17 милиони фунти.