Дома Фудбал Останато Бошко Ѓуровски: Се чекаше тој натпревар за да се соопшти дека Тито починал (ВИДЕО)

Бошко Ѓуровски: Се чекаше тој натпревар за да се соопшти дека Тито починал (ВИДЕО)

Недела 4, мај 1980 година е денот кога почина Јосип Броз Тито. Исто така на сплитскиот „Пољуд“ тој ден се играше натпреварот помеѓу Хајдук и Црвена Звезда и во текот на таа средба беше соопштено дека починал претседателот на СФРЈ.

Точно во 15:05 спикерот соопшти дека Тито починал после што следуваше неверување кај сите кои беа на стадионот, а потоа и солзи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Мој впечаток е дека се чекаше тој натпревар за официјално да се објави дека Тито починал“, изјави поранешниот македонски фудбалер и член на Звезда Бошко Ѓуровски во документарниот филм „Таа тажна сплитска ноќ“.

Покрај Ѓуровски за случувањата на тој ден во филмот зборуваат уште некои актери од тој натпревар – Душан Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Зоран Филиповиќ како и Владимир Шенеуер кој во тоа време беше директор на стадионот „Пољуд“.

Овој документарен филм премиерно ќе може да го гледат во понеделник во 20:30 часот на „Спорт Клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…