Недела 4, мај 1980 година е денот кога почина Јосип Броз Тито. Исто така на сплитскиот „Пољуд“ тој ден се играше натпреварот помеѓу Хајдук и Црвена Звезда и во текот на таа средба беше соопштено дека починал претседателот на СФРЈ.
Точно во 15:05 спикерот соопшти дека Тито починал после што следуваше неверување кај сите кои беа на стадионот, а потоа и солзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мој впечаток е дека се чекаше тој натпревар за официјално да се објави дека Тито починал“, изјави поранешниот македонски фудбалер и член на Звезда Бошко Ѓуровски во документарниот филм „Таа тажна сплитска ноќ“.
Покрај Ѓуровски за случувањата на тој ден во филмот зборуваат уште некои актери од тој натпревар – Душан Савиќ, Владимир Петровиќ Пижон, Зоран Филиповиќ како и Владимир Шенеуер кој во тоа време беше директор на стадионот „Пољуд“.