Барселона е спремна на лето да направи големи промени во тимот, неколку ѕвезди ќе си заминат за да биде наполнет буџетот на Каталонците.
Главни приоритети на Барселона на лето ќе биде доведување на Нејмар и Лаутаро Мартинез, а за таа цел клубот е спремен да потроши повеќе од 250 милиони евра.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Барселона трпи големи загуби поради пандемијата со коронавирусот и дека на лето е спремна да направи големи промени. Имено, само двајца фудбалери се недопирливи, Меси и Тер Штеген, останатите би можеле да бидат продадени.
Барселона планира најмногу да заработи од Фелипе Кутињо и Осман Дембеле, а доколку пристигна добра понуда може да биде продаден и Антоан Гризман.
Од „Камп Ноу“ може да заминат уште Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Нелсон Семедо, Сержи Роберто и Артур, но само ако пристигне примамлива понуда.