Дома Фудбал Одреден датум за продолжување на Премиер лигата

Одреден датум за продолжување на Премиер лигата

Продолжувањето на сезоната во најквалитетната фудбалска лига на Англија е закажано за 13 јуни, објави „Мирор“.

Клубовите веќе се известени за овој датум. Сепак, сезоната ќе започне доколку владата на Велика Британија тоа го дозволи.

Британската влада воведе карантински мерки за спречување на епидемијата на коронавирус најмалку до 7 мај. Во исто време, фудбалерите на англиските клубови се загрижени дека натпреварите може да се продолжат пред да бидат целосно безбедни, пренесува „Телеграф“.

Сепак, јасно е дека натпреварите ќе се играат без публика и под строго определен протокол со цел да се заштитат фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бојчев погоди, Петрески одбрани пенал за реми на младите футсалци во Тиват

Македонската футсал селекција до 19 години одигра 1:1 со Црна Гора во првата од двете конт…