Дома Трансфер зона Ѕвездите на ПСЖ не сакаат да слушнат за намалување на платата

Ѕвездите на ПСЖ не сакаат да слушнат за намалување на платата

Ѕвездите на Пари Сент Жермен категирично го откажале предлогот на раководството да ги намалат своите плати за време на пандемијата, тврди еминентниот „Екип“.

Од страна на клубот преговорите ги води спортскиот директор Леонардо, додека претставници на фудбалерите е капитенот Тиаго Силва и Маркињос.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Уште минатата недела претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ги повика фудбалерите да му помогнат на клубот со намалување на своите плати во овие месеци. Во Франција денес и официјално беше потврдено дека нема да има никаков спорт до септември, што значи дека сезоната нема да продолжи.

Од ПСЖ пресметаа дека клубот ќе загуби 240 милиони евра, но ѕвездите на тимот не сакаат да слушнат за намалување на платите. Само Нејмар и Мбапе заработуваат 5 милиони евра месечно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…