Дома Трансфер зона Еден од најбараните стопери може да заврши во Њукасл: Принцот му дава поголема плата од Сити, Јунајтед и ПСЖ?

Еден од најбараните стопери може да заврши во Њукасл: Принцот му дава поголема плата од Сити, Јунајтед и ПСЖ?

Екипата на Њукасл наводно ќе испрати понуда за Калид Кулибали откако клубот ќе го превземе саудискиот принц Мохамед Бин Салман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Англија веќе сите на Салман гледаат како на нов сопственик и очекуваат наскоро целата работа да биде и официјализирана. „Калчомеркато“ пишува дека една од првите инвестиции би требала да дојде од Италија.

Калид Кулибали е стопер за кого се интересираат голем број европски гиганти како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но наводно Њукасл со принцот ќе му понуди поголема плата и договор од 12 милиони евра по сезона. Кога е Наполи во прашање тие би можеле да го пуштат за оштета од 80 милиони евра.

Ова не е прв пат Кулибали да се поврзува со Њукасл, англискиот клуб сакаше да го доведе и во 2015 година, тогаш до трансферот не дојде затоа што им беше прескап. Судејќи според се сега ќе имаат повеќе од доволно пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…