Дома Трансфер зона Кавани му бил понуден на Интер

Кавани му бил понуден на Интер

Едисон Кавани ова лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент и се уште е во потрага по нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Газета дело Спорт“ тврди дека Кавани му бил понуден на Интер како замена за Алексис Санчез кој на крајот на сезоната ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Интер е во потрага по напаѓач и во последно време се шпекулира дека Оливие Жиру е прва опција за Антонио Конте.

Проблем за „нероаѕурите“ е платата на Кавани, кој во Милано може да дојде без обештетување бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето.

Кавани има големо искуство во Серија А бидејќи токму во Италија ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресовите на Палермо и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…