Дома Македонски спорт „Нестор ТВ“ денес со заменик-капитенот Ристовски: Возењето без возачка, за Јаховиќ, Буба, Ибраими, Муслиу – сите се топ дечки играат со срце!

„Нестор ТВ“ денес со заменик-капитенот Ристовски: Возењето без возачка, за Јаховиќ, Буба, Ибраими, Муслиу – сите се топ дечки играат со срце!

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски на својот Инстаграм профил од вчера стартуваше еден серијал кој го нарече „Нестор ТВ“.

Денес во живо на Инстаграм Несторовски разговараше со заменик капитенот Стефан Ристовски. Еве дел од нивниот разговор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НЕСТОР: Стефан кажи како си возел од Латина до Неапол без возачка?

СТЕФАН: Си дојде викенд, немав што да правам. Му се најавив на Горан. Без дозвола тргнав од Латина до Неапол, со кола на скопски таблички. Тоа беше пред да положам, положив пред 5 години (на 23). Не дека не сакав, немав време кога. Имав македонски документи, не можев да полагам во странство, мораше дома. Патот од Латина до Неапол е час ипол – два и така имав среќа да не ме запрат“.

НЕСТОР: Кој селектор на Македонија би го избрал како најдобар?

СТЕФАН: Се знае, Игор Ангеловски. Не е затоа што сега тој ни е селектор. Јас сум немал селектор во сениорската репрезентација со кој сум бил толку близок. Имаме навистина одлична соработка и тоа може се гледа на терен. Мислам дека со него ќе останам во супер однос до крајот на кариерата, па и понатаму. Тој е човек кој ја сака работата, те следи и гледа како работиш. Ни фали чекор до нашата цел и сигурен сум дека можеме да направиме нешто големо.

Тука Нестор додаде дека за репрезентаcијата каде што сме денес еден од најзаслужните е токму Ангеловски.

НЕСТОР: Каде би ја завршил кариерата?

СТЕФАН: Секој сака да си ја заврши дома каде што почнал. Но, кај нас условите се тешки, мене ми се игра фудбал пред гледачите, да се бориш за нешто…Трофеите со Ријека ќе ми останат најдраги затоа што ми беа први и затоа желба ми е да завршам во Ријека.

НЕСТОР: И јас би сакал во Интер Запрешиќ. Но, сите сакаме да играме подолго време на високо ниво. Дај боже како капитенот да играме до 37-38.

Ристовски сепак не потенцираше дека не се гледа себе си како бек толку долго.

За Кулушевски:

НЕСТОР: Одличен играч, топ играч. Но сум разочаран од неговото однесување. Игравме против Парма и сигурно знае дека има Македонец, постар сум 10 години и не ни дојде да се поздрави, ни ништо…Ме разочара со тоа како се однесуваше.

За обединувањето на навивачките групи против Косово?

НЕСТОР: Во овој момент против Косово, една од најважните натпревари во историјата. Сега треба цела Македонија да се обдени не само навивачките групи. Треба народот да го израдуваме со малку фудбал.

За Адис Јаховиќ:

СТЕФАН: За него се збори од кога замина, нормално е тоа дава голови. Ние сме нација која нема многу избор и сигурно би помогнал играчки во оваа генерација со своето искуство. Го познавам и лично, тој ја сака Македониај и игра со срце.

НЕСТОР: Искрено сега сите во Македонија играат со срце. Почнувајќи од најмладиот Марио Младеновски па до Горан кој со се освоено дава се од себе, што е нешто посебно.

СТЕФАН: Кога игравме со Албанија, нашите Муслиу и останатите играа фантастично даваат максимум и си ја почитуваат државата каде што се родени затоа секоја чест! Aдеми, Барди… сите се – златни деца!

НЕСТОР: Доста коментиравме на таа тема: Буба, Ибраими, Муслиу…Сите ама баш сите се топ дечки. За пеењето на химната тоа е индивидуално, ако сте виделе и могу светски играчи во нивните репрезентации не ја пеат химната. Нас ни е важно како играат на теренот и дали даваат се од себе, а тоа го прават фантастично.

НЕСТОР: Кажи нешто за пријателството со Бруно Фернандеш

СТЕФАН: Бруноо живее за фудбал. Сака да достигне нешто високо. Пр: Ако сака денес даде два гола, утре сака три…Останува после тренинг да работи, работи навистина многу. Тој е сигурно најдобриот играч со кој сум играл во кариерата. Вистински полушпиц и добар човек е. Со еден збор голем работник и инат.

Утре вечер „гостин“ на Нестор ќе му биде капитенот Горан Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Селекторот Раде Стојановиќ го објави списокот на младинците за натпреварите со Словенија

Стручниот штаб и селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го обј…