Дома Фудбал Најплатениот играч на Арсенал одбива намалување на платата

Најплатениот играч на Арсенал одбива намалување на платата

Арсенал во понеделникот соопшти дека е во преговори со играчите и стручниот штаб за намалување на платите за наредите 12 месеци.

Сепак, постојат фудбалери кои не се согласуваат на тоа. Дејл Мејл пренесува дека тројца играчи меѓу кои и Месут Озил се уште не кажале дефинитивно да.

Озил има неделна плата од 350.000 фунти и е најплатениот играч на Арсенал, па со него и уште двајца играчи во следниот период ќе се направат индивидуални преговори.

Искусниот играч од средниот ред претходно кажа дека подготвен за намалување на платите, меѓутоа сака клубот да докаже дека е во финансиска загуба поради коронавирусот.

Инаку, клучната улога за намалување на платите со играчи ја имал Артета кој успеал да ги убеди да се согласат на договорот. Парите ќе им бидат вратени во случај на пласман во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осиек го менува пристапот: Англичанец ќе се грижи за развојот на фудбалерите

Пол Вајт го презема новиот оддел за перформанси во Осиек, кој ќе ги поврзе медицината, физ…