Дома Фудбал Новата ѕвезда на Баерн потпиша долгорочен договор

Новата ѕвезда на Баерн потпиша долгорочен договор

Баерн Минхен денес и официјално потврди дека 19-годишниот талент Алфонсо Дејвис денес ставил потпис на нов договор до 2025 година.

Брзоногиот Канаѓанец пристигна во Минхен во 2018 година од Ванкувер за 10 милиони евра. Оваа сезона Дејвид ги воодушеви сите со своите настапи, одигра 29 меча на кои запиша 8 асистенции и постигна еден гол.

Дејвис во Баерн игра како лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер, па и во средниот ред. Поради тоа Баерн реши долгорочно да го „врзе“ талентот со нов договор до 2025 година.

„Многу сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот и го остварив мојот сон со тоа што играм за Баерн. Мојата желба е секогаш да победувам и се надевам дека ќе освојам многу трофеи со овој клуб“, изјави Дејвис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…