Фелипе Кутињо сепак би можел да добие шанса во Барселона, откако стана јасно дека Баерн нема да го откупи неговиот договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, тренерот на Барса, Сетиен и порачал на управата на клубот дека сака да го врати и да се обиде да го вклопи во својот систем.
Во Барса сметаат дека им е потребен фудбалер со такви карактеристики, и дека можат да го „оживеат“ Кутињо.
„Кутињо? Тој многу ми се допаѓа како играч. Се уште е играч на Барселона, ќе видиме што ќе се случи и дали ќе остане со нас. Немам сомнеж дека станува збор за феноменален играч“, изјави тренерот на Барса, Кике Сетиен.