Дома Трансфер зона „Лаутаро е фокусиран само на Интер, а за Барселона воопшто не зборуваме“

„Лаутаро е фокусиран само на Интер, а за Барселона воопшто не зборуваме“

Спортската јавност претходните недели на големо шпекулира дека Лаутаро Мартинез на крајот од сезоната ќе го напушти Интер и ќе потпиша за Барселона.

Каталонците покажаа голем интерес за аргентинскиот напаѓач и спремни се да вложат големи пари за на лето да го донесат на Камп Ноу. Лаутаро има откупна клазула од 111 милиони евра и сигурно Барселона тоа ќе се обиде да го искористи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу италијански медиуми објавија дека Лаутаро одбил повеќе тимови и му порачал на агентот дека само Барселона доаѓа во предвид. Но, неговиот агент Бето Јаке за Мундо Депортиво изјави дека се уште е рано да се зборува за трансфер во Барса.

„Лаутаро моментално размислува само на Интер и на тоа дали ќе продолжи сезоната. Сигурно дека е сатисфакција кога знаете дека ве посакува клуб како Барселона, но за тоа се уште не размислуваме.“ – изјави агентот и додаде:

„Не знам ништо од тоа дека Меси го убедува да дојде во Барса. На Лаутаро ќе му биде чест да игра со него, но тој има уште пет години договор и сите тие шпекулации немаат поврзаност со нас. Фокусиран е на Интер и така ќе остане до крајот на сезоната.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…