Филипе Кутињо ова лето би можел да се врати во Премиер лигата, но не во дресот на Ливерпул, туку во Челзи кој веќе започна преговори со Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кутињо оваа сезона игра на позајмица во Баерн Минхен, па откако стана јасно дека Баварците нема да го откупат на крајот на сезоната, Челзи започна преговори со Барселона.
Според каталонски „Спорт“, менаџерот на Кутињо и Челзи се во директни преговри за личните услови на Бразилецот, Барселона дала согласност, клубот од Шпанија е во комуникација со клубот од Лондон.
Барселона за потписот на Кутињо бара 90 милиони евра, додека Челзи го сака фудбалерот на позајмица со задолжителен откуп следното лето за 65 милиони евра.