Матијас Де Лихт минатото лето дојде во Јувентус, меѓутоа италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е спремен и да го продаде меѓута само за цена која тие ќе ја одредат.
Де Лихт во Торино дојде од Ајакс и се смета за едно од најголемите засилувања на европските клубови. Иако на почетокот имаше проблеми сепак потоа се прилагоди, Де Лихт ужива голема доверба кај стручниот штаб на „старата дама“, но и целата управа на клубот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во изминатите денови шпекулираа и името на Де Лихт го поврзуваа со Реал Мадрид.
Сега пристигнува вест деја Јувентус може да го продаде Де Лихт, но цената ќе биде 150 милиони евра и ништо подоле. Се потенцира дека во Јувентус кога е Де Лихт во прашање не ги интересира некаков друг вид на договор, туку само пари.
Јасно е дека во летото кое следи поради пандемијата од коронавирусот тешко ќе видиме трансфер за астрономска сума, па веројатно ова значи и дека Де Лихт сигурно ќе остане во Торино.