Дома Фудбал Ковид-19 влегол и во Барселона: Заразен вториот човек на Каталонците!

Ковид-19 влегол и во Барселона: Заразен вториот човек на Каталонците!

Пандемијата со Ковид-19 направи хаос во скоро цела Европа, а најтешко се погодени Италија и Шпанија.

Шпанците денес објавија дека според нив пикот на пандемиајта бил на 2. април и сега очекуваат се помал број новозразени. Меѓутоа овој вирус изгледа влегол и во Барселона.

Имено, Барселона е уште еден од клубовите погодени од Ковид-19. „Мундо Депортиво“ утрово објави дека позитивен на коронавирусот е претседателот на овој клуб Жорди Кардонер.

Од клубот се уште официјално не се огласиле, меѓутоа за „Мундо Депротиво“ потврдено е дека Кардонер е заразен и во овие моменти се наоѓа во болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…