Дома Трансфер зона Два клуба се спремни веднаш да ја платат клаузулата за Халанд

Два клуба се спремни веднаш да ја платат клаузулата за Халанд

Два клуба се спремни да ја активираат откупната клаузула на европската фудбалска сензација, Ерлинг Халанд, во првиот момент кога тоа ќе биде возможно.

Според „ЕСПН“ едниот клуб е Манчестер Јунајтед, кој силно го посакуваше Халанд уште во јануари. Се тврди дека тогаш „црвените ѓаволи“ се откажале од трансферот токму поради барањето на неговиот менаџер Мино Раиола да биде ставена откупна клаузула во договорот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд го прифати тој услов и поради тоа ја доби битката за потписот на Норвежанецот.

Другиот клуб кој е сериозно заинтересиран за Халанд е Реал Мадрид. Медиумот тврди дека уште ова лето може да биде активирана откупната клаузула која изнесува 70 милиони евра.

19-годишниот Халанд постигна 12 гола на 11 меча во дресот на Борусија Дортмунд, откако најпрво блесна во дресот на Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…