Дома Фудбал Италија Поранешниот голман: Роналдо ми вети, па не ми го даде дресот

Поранешниот голман: Роналдо ми вети, па не ми го даде дресот

Поранешниот голман на Киево Стефано Сорентино се потсети на интересна анегдота од неговата кариера.

Во текот на својата кариера Сорентино имаше прилика да брани за бројни италијански клубови и забележа скоро 400 настапи во Серија А, а еден од оние кои ги памети е натпреварот против Јувентус кога му одбрани пенал на Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одбранетиот пенал на Сорентино дополнително добива на тежина ако се знае дека тоа воедно е и единствениот пенал кој Роналдо го промашу откако дојде во клубот од Торино. Сорентино сакал да има спомен од тој натпревар и го побарал дресот на Роналдо, меѓутоа Португалецот не му го дал.

„Се договоривме пред натпреварот да си ги размениме дресовите, но откако го промаши пеналот беше многу лут. Се сретнавме во тунелот, се ракувавме и тој ми честиташе, меѓутоа неговиот израз на лицето не беше најдобар и не ми го даде дресот“, откри Сорентино за „Скај Спорт“.

Во тој натпревар Јувентус сеедно го победи Киево со 3:0, а Сорентино место со дресот на Роналдо се задоволи дресот на Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…