Aнтонио Касано нема дилеми кој е најголем фудбалер на сите времиња. За славниот Италијанецот тоа е Лионел Меси.
Касано го пофали и Марадона, но сепак го истакна Меси како најголем.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Марадона правеше работи кои никој не ги видел до тогаш, но тоа го правеше само четири или пет години. Меси истите работи ги прави 15 години. Постигна 710 голови и 300 асистенции. Кога тој е на теренот тимот веќе води 1:0“, изјави Касано.
Зборуваше Касано и за Роналдо (Бразилецот).
„Се сеќавам дека во еден натпревар губевме 0:1. Целиот стадион ни свиреше, најмногу на Роналдо. На полувремето тренерот сакаше да го извади од игра и да го стави Ван Нистерлој. Но, Роналдо го запре и му рече: „Немој, замениме ако за 15 минути не постигнам два гола“. Поминаа 15 минути ние водевме 2:0. Треба да ли да кажам кој ги даде двата гола? Си реков себе си тогаш ако фудбалски бог постоа, тогаш тоа е Роналдо. Подоцна открив дека Меси е над него“, заклучи Италијанецот.