Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Наполи

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Наполи

Раководството на Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Наполи и италијански репрезентативец, Џовани ди Лоренцо.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со агентот на 26-годишниот фудбалер. Тоа што ги воодушевило скаутите на Јунајтед е универзалноста на Ди Лоренцо, кој може да игра на сите позиции во одбраната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инаку Ди Лоренцо најчесто игра како десен бек, но јасно е дека таа позиција во Јунајтед е „резервирана“ за одличниот Ван Бисака.

Меѓутоа, Ди Лоренцо е поливалентен дефанзивец и може да игра како лев бек, но исто така и како стопер.

Сепак, Наполи тешко ќе се откаже од својот фудбалер, кој минатото лето пристигна од Емполи за 8 милиони евра, но оваа сезона е незаменлив во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…