Дома Фудбал Италија Фотографија од момче со топка на улиците во Милано ја воодушеви Италија се огласи и Заниоло (ФОТО)

Фотографија од момче со топка на улиците во Милано ја воодушеви Италија се огласи и Заниоло (ФОТО)

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ објави една симпатична, но и тажна фотографија на која едно дете во дрес од Рома на улиците во Милано си игра со топка.

Градот е во карантин и улиците се прилично празни, но страста кај ова момче пресудила.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Фотографијата стигна и до Николо Заниоло, чиј дрес носи малото момче.

„Оваа фотографија навистина ме допре. Не знам, кој си но горд сум што носиш мој дрес. Знам дека сега е тешко и чудно да се игра фудбал во празен град, но се уште даваме отпор и кога се ќе заврши сакам да ми испратиш фотографија на која играше заедно со останатите момци. И да, ќе те чекам во Тригорија (тренинг центарот на Рома)“, напиша Заниоло на својот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се знае каде ќе игра Душан Влаховиќ од следната сезона?

Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус по нешто повеќе од четири години во клубот. Нема дог…