Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ нема да го продолжи договорот со „росонерите“ и ќе си замине ова лето, а во центарот на нивиот проект на клубот ќе биде Рафаел Леао, пренесува „Газета дело Спорт“.
20-годишниот Португалец пристигна на „Сан Сиро“ како голем талент за 35 милиони евра, но до сега не успеа да го развие својот потенцијал. Во првиот дел од сезоната покажа дека има голем талент, но потоа Ибрахимовиќ го зеде централното место во нападот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со заминувањето на Ибра се очекува Леао следната сезона да биде централна фигура во нападот, заедно со Анте Ребиќ кој во вториот дел од сезоната е во извонредна форма.
Во клубот не сакаат да инвестираат во нов напаѓач и сметаат дека ќе биде подобро да се инвестира во дефанзивата и средниот ред.
? GdS: #ACMilan not giving up on €35m signing – he will be the centre of the future projecthttps://t.co/z9n9eBJ3Uz #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) March 30, 2020