Дома Фудбал Останато Слободниот удар на Роналдињо кој сите го копираа: Само ни кажа – одете на центар ќе дадам гол! (ВИДЕО)

Слободниот удар на Роналдињо кој сите го копираа: Само ни кажа – одете на центар ќе дадам гол! (ВИДЕО)

Роналдињо претхподните недели минува низ еден од потешките периоди во неговиот живот затоа што скоро еден месец се наоѓа во притвор во Парагвај.

Бразилецот е обвинет за фалсификување на документи со кој влезе во државата. Полицијата експресно реагираше и го уапси Роналдињо и неговиот брат и тие сега се наоѓаат во притвор каде што го чекаат судењето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако ги негираше обвинувањата на Роналдињо му се заканува казна затвор од шест месеци, а со пандемијата од коронавируост се дополнително отежна бидејќи не се знае кога судењето ќе може да се одржи. Додека е Роналдињо во притвор, шпанските медиуми се потсетија на интересна анегдота.

Станува збор за натпреварот од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2006/2007 кога Барса на својот стадион играше против Вердер Бремен.

На Каталонците им требаше победа за да завршат како првопласирани во групата. Барса на крајот славеше со 2:0. Тој натпревар остана запаметен по еден генијален потег на Роналдињо. Роналдињо доби идеја да шутира под живиот ѕид и погоди, подоцна многу играчи ја користеа оваа техника.

На овој гол се потсети и Португалецот Деко кој откри што му кажал на Роналдињо пред самиот шут.

„Го прашав Роналдињо да се договориме околу слободниот удар, а тој само ми возврати: Одете и чекајте ме на центарот, ќе дадам гол. Се надема, но не го послушавме и останавме тука. Не можев да си поверувам што направи и каков гол даде“, изјави Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…