Додека сезоната е во прекин, Манчестер Јунајтед се спрема за следната сезона и сака да изгради силен тим со кој ќе атакува на титулата во Премиер лигата.
Пол Погба е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па примарна цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде доведување на играч за врска кој ќе може да биде замена за Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Солскјер како идеална замена за Погба го посочил фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Саул Нигез.
Јунјатед во јануари го купи Бруно Фернандеш и тоа се покажа како фантастичен потег. Португалецот блесна и тимот нема пораз до паузата поради пандемијата на коронавирусот.
„Црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат откупната клаузула за Нигез која изнесува 150 милиони евра и така Шпанецот ќе стане најскапо засилување во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.