Дома Топ вести Енрике призна: Овие играчи ми го свртеа грбот и морав да заминам

Енрике призна: Овие играчи ми го свртеа грбот и морав да заминам

Барселона вчера официјално го претстави својот нов менаџер.

Ернесто Велверде пред Барселона беше менаџер на Атлетик Билбао, а вчера беше претставен како нов шеф на каталонскиот клуб. Поранешниот менаџер на Барселона, Луис Енрике својот отказ го најави уште во февруари, а иако не сакаше да зборува за причините за заминување, шпанските медиуми веќе почнаа да пишуваат за тоа што го натера Енрике да си замине.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, Енрике уште претходно не сакаше да зборува за причините за заминување, за да не го нарушеше мирот во соблекувалната. На прашањето дали е тажен што си заминува од клупата на Барселона, Енрике одговори: „Среќен сум бидејќи тоа го сакав“.

Оваа изјава предизвика голема прашина бидејќи на јавноста не им беше јасно зошто некој би бил среќен што си заминува од клупата на еден од најголемите клубови во светот. Фудбалските медиуми пренесуваат дека главната причина за заминувањето на Енрике е тоа што ја загубил поддршката од клучните играчи.

Играчите кои му го свртеле грбот се Лео Меси, Пике, Иниеста, Бускетс и Нејмар. Најважните играчи на Барселона не застанаа зад него и Енрике одлучил дека не може да продолжи да ја води екипата во ваква состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…