Дома Останати Тенис Милион евра и од Ѓоковиќ во борбата против Ковид – 19!

Милион евра и од Ѓоковиќ во борбата против Ковид – 19!

Новак Ѓоковиќ денес го потврди својот хуман потег.

Денес на видео-конференција со новинарит Ѓоковиќ откри дека ќе донира милион евра за Србија во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Нашата донација е милион евра за респиратори и медицинска опрема. Бројот на заболени и инфицирани расте секој ден. Јелена јас и нашата фондација одлучивме да собереме повеќе информации. Да воспоставиме контакт и на најдобар начин да ги донираме средствата. Им благодарам на државните власти бидејќи во текот на претходните денови редовоно комунициравме“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е само уште еден во низата најпознати светски спортисти кои ја помагаат својата држава. По милион евра претходно донираа Роналдо, Меси, Гвардиола, Мекгрегор…Федерер за Швајцарија донираше милион франци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантни сцени на Вимблдон – Димитров го уништуваше Синер, а потоа плачејќи си замина од теренот

Григор Димитров речиси направи најголемото изненадување на Вимблдон. Бугаринот, со својата…