Дома Фудбал Останато Динамо: Бјелица и Адеми први дознаа и експресно ни кажаа „не“

Динамо: Бјелица и Адеми први дознаа и експресно ни кажаа „не“

Тимот на Динамо Загреб овие денови е во центарот на вниманието на јавноста поради случувањата во клбуот.

Имено, Динамо поради намалениот приход од пандемијата со коронавирусот побара играчите да добиваат помала плата во наредните денови, меѓутоа играчите тоа го одбиле. После таквиот потег вчера Динамо објави дека е отпуштен целиот стручен штаб тренерот Ненад Бјелица, а медиумите во Хрватска најавуваат дека сега се чека оставка на Бјелица.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Динамо се огласија и открија дека прво го контактирале тренерот Бејлица, па македонскиот фудбалер Арјан Адеми кој е нивни капитен. Тие двајца први биле известени за одлука, а тие писмено ги известиле дека го децидно го одбиваат нивното барање.

„Прв беше известен главниот тренер на Динамо, Ненад Бјелица и тоа во телефонски разговор. Состанок не беше можен затоа што тој не е во Хрватска. Нашите мерки беа децидно одбиено. Пред да имаме состанок со играчите беше известен и капитенот Арјан Адеми, а на состанокот потоа присуствуваа уште неколку играчи од првиоте тим. Се надевавме дека играчите и тренерот ќе имаат простор за маневар и договор, но нашите предлози децидно беше одбиен. Официјалното известување го добивме експресно преку писмо. Ако фудбалскиот синдикат на клубот не ја разбира оваа вонредна ситуација, ние не можеме многу“, стои во дел од соопштението на Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…