Дома Фудбал Ова беше последниот натпревар на Југославија (ВИДЕО)

Ова беше последниот натпревар на Југославија (ВИДЕО)

На вчерашен ден 25 март 1992 година репрезентацијата н Југославија го одигра последниот натпевар пред распадот.

Натпреварот против Холандија во Амстердам требаше да биде подготвителен за ЕП 1992, меѓутоа се покажа дека е последен за Југославија. На тој натпревар Југославија изгуби со 2:0, а иако беше квалификувана Југославија не настапи на собирот на најсилните европски селекции во таа година.

За Југославија во тој натпревар настапија: Фахрудин Омеровиќ, Вујадин Станојковиќ, Будимир Вујачиќ, Владимир Југовиќ, Фарук Хаџибегиќ, Илија Најдоски, Мехмед Баждаревиќ, Бранко Брновиќ, Мехо Кодро, Драган Стојковиќ, Дејан Савичевиќ.

Од клупата Југославија ја предводеше Ивица Осим.

За Холандија тогаш головите ги постигнаа Вим Кифт и Јан Ваутерс. Прво во 64. па потоа во 68. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вушковиќ ги надмина Ван Дајк и конкуренцијата: На 19 години е прв во дуелите

Младиот стопер на Брајтон има највисока оценка за дуели според еден напреден статистички п…