Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар слави јубилеј: 35 години од шампионската титула во Југославија!

Вардар слави јубилеј: 35 години од шампионската титула во Југославија!

Денешниот ден 14 јуни е со златни букви запишан во историјата на Вардар, бидејќи на овој ден во 1987 година, Вардар стана шампион на Југославија и е единствен клуб од Македонија кој успеал во тоа.

Тимот предводен од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски успеа да освои 38 бодови, со 15 победи и 8 нерешени средби, од вкупно одиграните 34 првенствени натпревари.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 десет тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на Партизан.

Како признание за освоената титула Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони каде што во првото коло на два пати загуби од Порто со идентични 3-0.

За Вардар таа сезона настапуваа:

Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.

Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…