Дома Фудбал Стерлинг ги налути Англичаните со начинот на кој се прошета до супермаркет (ФОТО)

Стерлинг ги налути Англичаните со начинот на кој се прошета до супермаркет (ФОТО)

Во Европа фудбал се игра само во Белорусија каде што сезоната викендов започна, останатите првенства се во прекин поради КОВИД-19.

Англичаните официјално би требало да паузираат до 30. Април меѓутоа никој со сигурност не може дали тогаш ќе се игра фудбал, се зависи од тоа како ситуацијата со вирусот ќе се развива.

Голем број фудбалери се во изолација во своите домови и се препорачува да излегуваат само кога навистина имаат потреба. Сепак и кога ќе излезат тоа треба да биде со заштитна маска и ракавици.

Јавноста на Островот денес го критикува Стерлинг сметајќи дека неговото одење во маркет како ништо да не се случува е лош пример, со оглед на тоа дека тој е јавна личност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…