Дома Фудбал Тер Штеген го продолжи договорот со Барса, но погледнете колку изнесува НЕВЕРОЈАТНАТА клаузула

Тер Штеген го продолжи договорот со Барса, но погледнете колку изнесува НЕВЕРОЈАТНАТА клаузула

Германскиот голман, Марк-Андре Тер Штеген потпиша нов петгодишен договор со Барселона.

Овој 25-годишен голман денеска ја продолжи соработката со каталонскиот гигант за пет години и на „Камп Ноу“ ќе остане до летото 2022. година. Но, клаузулата која ја има во договорот е навистина огромна. Сите оние кои би го сакале во своите редови, на Барса ќе треба да им исплатат неверојатни 180 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тер Штеген е член на Барселона од 2014. година. Сепак, во клубот беше резерва на Клаудио Браво и шанса добиваше на натпреварите во Купот и во Лигата на Шампионите.

Со заминувањето на Чилеанецот минатата година, Тер Штеген стана прв голман и оваа сезона настапи на 46 натпревари. Прими 47 гола, а 17 пати успеа да ја сочува мрежата. Пред Барселона, го носеше дресот на Борусија Менхенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амбициозен потег: Интер Мајами ангажира сонародник на Меси

Интер Мајами, клубот каде што настапува Лионел Меси, планира да испрати официјална понуда …