Според сите најави Иван Ракитиќ на лето ќе ја напушти Барселона.
Хрватскиот играч за врска ги брои последните денови во Барселона, а судејќи според се кариерата ќе ја продолжи во Севиља, барем такви се најавите од Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот „Спорт“ открива дека Ракитиќ уште во текот на летото имал опција да премине во Јувентус. Јувентус наводно му понудил многу подобри услови, но одличниот фудбалер ја одбил таа можност и останал во Шпанија.
Сепак, Барселона сезонава не смета на него и Ракитиќ сега покажал желба да се врати во Севиља каде што се прослави како играч и стана капитен.
Според информациите од Шпанија, Барселона ќе го пушти Ракитиќ за сума од 20 милиони евра.
Договорот на Ракитиќ со Барселона има важност уште една година. Во последниот преоден рок Хрватот се поврзуваше и со Атлетико Мадрид, меѓутоа „јорганџиите“ сега не покажуваат интерес.