Дома Фудбал Италија Историскиот натпревар на Аталанта е главната причина за катастрофата во Бергамо!

Историскиот натпревар на Аталанта е главната причина за катастрофата во Бергамо!

Натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија од осминафиналето во Лигата на шампионите кој се играше во Милано и кој Аталанта го доби со 4:1 изгледа е главната причина за катастрофата со коронавирусот во Бергамо.

Аталанта победи со 4:1, а потоа на гости пред празни трибини во Валенсија славеше со 3:4 и го потврди пласманот помеѓу најдобрите осум. Тој прв натпревар кој се играше во Милано го крена Бергамо на нозе и во Милано дојдоа повеќе од 40.000 фанови да навиваат за Аталанта.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Третина од градот Бергамо кој има 120.000 жители се упати во Милано, а многумина од нив за жал во Бергамо се вратиле со коронавируост.

Италијанскиот епидемиолог Франческо Ле Фоче го посочи споменатиот натпревар како главна причина за ова што му се случува на Бергамо.

„Има повеќе причини за катастрофата, но една од најголемите е натпреварот во Милано. Од тој натпревар помина еден месец и термините се поклопуваат. Тој натпревар донесе колективна еуфорија голем број жители на Бергамо беа во Милано и вирусот многу брзо се рашири. Имаше големо славје гушкање, викање…Луѓето не беа свесни што прават, но никој не сакаше да го пропушти тој историски натпревар. Луѓе со температура одеа во Милано, од денешна преспектива изгледа како лудост што тој натпревар се одигра со публика, меѓутоа тогаш никој не беше свесен за опасноста која се заканува и која сега е реалност“, изјави Ле Фоче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жоао Феликс најави сензационално враќање

Жоао Феликс не е во плановите на Енцо Мареска и сака да го напушти Челси, а неговиот следе…