Дома Фудбал Останато Ниту 1.7 милиони евра не се доволни за затворот да го пушти Роналдињо

Ниту 1.7 милиони евра не се доволни за затворот да го пушти Роналдињо

Бразилскиот фудбалер Роналдињо веќе десетина дена се наоѓа во парагвајскиот затвор поради фалсификување на документи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Роналдињо и неговиот брат беа уапсени во Парагвај со лажни документи. Веќе некое време славниот фудбалер се наоѓа во притвор. Некогаш најдобриот играч во светот е главна атракција во овој затвор и дури играше на турнир кој неговиот тим го освои. Но, неговиот адвокатски тим се обидува да го извлече од затвор.

Бразилските медиуми пишуваат дека адвокатот на Роналдињо понудил 1.7 милиони евра кауција за легендарниот играч да излезе од затвор, меѓутоа судијата таа понуда ја одби.

Роналдињо очигледно ќе мора да го почека судењето и да се надева дека неговиот адвокат ќе успее да докаже дека немал ништо. Во спротивно ќе мора некое време да помине во затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тепачката во Реал ја запачати судбината на Арбелоа, Перез бил шокиран од неговото однесување!

Инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени на вчерашниот тренинг на Реал Мадрид и…