Дома Фудбал Останато Иднината на европските натпреварувања и ЕП 2020 се решава во вторник!

Иднината на европските натпреварувања и ЕП 2020 се решава во вторник!

Европската куќа на фудбалот свика итен состанок на кој ќе бидат разгледани сите мерки околу пандемијата од коронавирусот и ќе се решава за иднината на европските натпреварувања и ЕП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Средбата ќе се одвива на 17-ти март преку видеоконференција и на неа се поканети претставници од сите 55 земји членки на УЕФА, како и претставници на ФИФПро.

Ќе биде дискутирано за иднината на Лигата на шампиони, Лига Европа како и за Европското првенство.

Порано денес се појави информација дека УЕФА денес веќе донела одлука за времено суспендирање на Лигата на шампиони и Лига Европа, а тоа најверојатно и ќе се случи официјално во вторик.

УЕФА едноставно е приморана да го направи тоа поради фактот што два клуба – Јувентус и Реал Мадрид се во карантин и не се во можност да ги одиграат реваншите во осминафиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…