Дома Фудбал Мбапе тестиран на коронавирус – познати резултатите!

Мбапе тестиран на коронавирус – познати резултатите!

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе го пропушти денешниот тренинг поради настинка и болки во грлото, па веднаш беше вклучен алармот кај „светците“.

Младиот Французин беше тестиран дали има коронавирус откако веќе два дена не тренира поради инфекција на грлото и треска.

Целиот фудбалски свет беше во исчекување, а резултатите веќе пристигнаа и покажаа дека тестот е негативен на коронавирус.

Меѓутоа, Мбапе има висока температува и најверојатно ќе го пропушти утрешниот меч со Борусија Дортумд во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…